понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Македонските кикбоксери убедливо најдобри на меѓународниот турнир во Ниш

Македонските кикбоксери убедливо најдобри на меѓународниот турнир во Ниш

На меѓународниот турнир „Балкан бест фајтер“ во Ниш, Србија, македонските кикбоксери освоија вкупно 105 медали..

Нашите натпреварувачи беа најдобри и го освоија првото место. Се закитија со 39 златни, 31 сребрен и 35 бронзени.

На втората позиција се најдоа српските кикбоксери со 47 медали, следуваат Црна Гора (12), Босна и Херцеговина (четири), Бугарија (три) и Хрватска (еден).

Македонија дојде до пехарот за најуспешна екипа на татами. По клубови еве како медалите се распоредени:

Гладијатор – Скопје 8 златни медали, 1 сребрен и 2 бронзени
Шампион – Скопје 7-7-7
Тим Зоран – Струмица 7-4-4
Максам – Прилеп 3-3-5
Тетово 3-1-1

Будо – Велес 2-2-2
Работнички Адора 2-2-1
Енерџи – Битола 2-1-1
Самурај – Битола 2-1-0
Гладијатор фајт тим – Штип 1-6-3

Гладијатор Неготино 1-1-2
Патриот – Крива Паланка 1-1-1
Ас – Делчево 1-1-1
Наско тим – Скопје 1-1-0
Комбат – Радовиш 1-0-0

Будо – Кавадарци 0-3-5
Лидер – Виница 0-3-3
Куманово 2006 0-2-0
Предатор – Куманово 0-1-2
Врапчиште 0-1-0