Македонската одбојкарска репрезентација одигра драматичен меч со Египет во рамките на меморијалниот турнир „Чајка“ и успеа да стигне до победа со 3:2 во сетови.
Избраниците на Јошко Миленкоски останаа речиси три часа на теренот, одиграа пет драматични сета со квалитетниот противник и на крајот заслужено се израдуваа на победата.
Резултатот по сетови беше 25:22/22:25/21:25/25:23/16:14, што ја потврдува драмата и во решавачкиот тај-брејк сет, кој им припадна на „спартанците“.