Најдобрата машка одбојкарска репрезентација на Македонија го одигра последниот натпревар од групната фаза во Европската Сребрена лига
Во дуелот од последното 6.коло одигран во Тузла, нашата репрезентација ја победи селекција на БиХ со 3-0 по
сетови 25-21, 25-21 и 25-20.
Со оваа победа и трите освоени бодови црвено-жолтите сега се израмнија со Албанија на втората позиција на табелата.
Сега нашите одбојкари ќе го чекаат исходот од утрешниот меч меѓу водечката Романија и Албанија во кој Албанците несмеат да освојат повеќе од еден сет. Во спротивно тие, а не ние би играле на завршниот турнир во Унгарија.
Кој ќе биде епилогот ќе дознаеме по средбата меѓу Романија – Албанија која е закажана за во утре 16 часот.