среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Македонските одбојкари отпатуваа за Финска на второ учество на Европските првенства

Македонските одбојкари отпатуваа за Финска на второ учество на Европските првенства

Македонската одбојкарска репрезентација попладнево замина за финскиот град Тампере каде идната недела го почнува својот втор настап на Европските првенства.

Европско првенство, 32. по ред, ќе се одржи од 1 до 19 септември во Финска, Естонија, Полска и Чешка.

Својот премиерен настап, македонските одбојкари ќе го имаат на отворањето на континеталниот собир, на 1 септември во Тампере со почеток од 19 часот против кодомаќинот Финска.

Во второто коло, македонските одбојкари ќе играат против Холандија (3 септември, 20 часот), во третото против Турција (5 септември, 14 часот), додека противник во четвртото коло ќе им биде репрезентацијата на Шпанија (6 септември, 17 часот). Натпреварите од групната фаза македонската репрезентација ќе ги комплетира на 8 септември против Русија со почеток од 17 часот.