Македонската машка одбојкарска репрезентација го претрпе првиот пораз во второто коло во рамки на групата А од Европската сребрена лига, откако попладнево во неизвесен натпревар загуби на гостински терен од Романија со 3-2.
Романците ги решија во своја корист првите два сета (25-22, 25-17), но македонските ракометари возвратија со иста мера (25-23, 25-19) и водеа во решавачки петти сет со 9-8, но противникот врза три поени во серија и го доби сетот со 15-13.
Следен противник на македонските одбојкари ќе биде Албанија в среда во Скопје, по што следува реваншот на гостински терен идната сабота.