сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Македонските одбојкари вечерва против Данска ќе играат во финалето на Европската сребрена лига

Македонските одбојкари вечерва против Данска ќе играат во финалето на Европската сребрена лига

Македонската машка одбојкарска репрезентација денеска во финалето на завршниот турнир од Европската сребрена лига, што се игра во салата „Парк“ во Струмица, ќе игра против Данска.

Во вториот полуфинален натпревар, што се одигра синоќа, Данците беа подобри од Унгарија совладувајќи ги со 3:1 во сетови.

Вчера во првиот полуфинален натпревар нашите најдобри одбојкари ја победија репрезентацијата на Хрватска со 3:2 во сетови.

Финалниот натпревар за златниот медал се игра вечер во Струмица со почеток во 20 часот, додека претходно (17 часот) во борбата за бронзениот медал ќе се сретнат репрезентациите на Унгарија и Хрватска