Одбојкарската машка репрезентација на Македонија во меч од пет сета загуби од Јапонија во вториот пријателски меч кој го играше во Кавадарци во рамките на подготовките за Европското првенство.
По вчерашниот триумф над Израел во пет сета, Македонија повторно одигра меч со максимален број на сетови, за жал овојпат загубивме.
Јапонците го добија првиот сет со 25-23, но следните два сета беа наши. Вториот беше најубедлив на мечот, го добивме со 25-17 и израмнивме на 1-1. Најголема борба имаше во третиот сет кој го добивме со 32-30 и го свртевме резултатот во наша полза, поведовме со 2-1 во сетови.
Големата борба продолжи до крајот на мечот. Јапонија со 25-23 го доби четвртиот сет и израмни на 2-2. А во последниот ревашвачки сет Јапонците славеа со 15-13 и победија со 3-2.
Саботае ден за пауза на македонската репрезентација, а во недела играме уште еден меч против Израел.