среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Македонските одбојкарки во група со Полска и Италија на Европското јуниорско првенство во Скопје

Македонските одбојкарки во група со Полска и Италија на Европското јуниорско првенство во Скопје

Европската одбојкарска федерација (ЦЕВ) денеска со жрепка во Луксембург го одреди составот на групите за Европското првенство за јуниорки, кое од 27 август до 4 септември ќе се одржи во Скопје.

Македонската женска јуниорска одбојкарска репрезентација ќе игра во групата А против Полска, Италија, Грција и победникот од квалификациската група К.

Групата Б на завршниот турнир во Скопје ја сочинуваат Србија, Турција, Хрватска, Романија, Швајцарија и квалификантот од групата Ј.

Квалификациите за Европското првенство се на програмата од 30 јуни до 3 јули. Во групата Ј во Холандија ќе играат домашната репрезентација, Естонија, Словачка и Шпанија, додека групата К во Подгорица ја сочинуваат домаќинот Црна Гора, Франција, Финска и Австрија. (МИА)