Пингпонгарската федерација на Северна Македонија (ППФСМ) во текот на овој месец ќе присуствува на голем дел меѓународни натпревари.
Сениорите во периодот од 12-17 Август во Минхен ќе учествува на индивидуалното Европско првенство.
Од 16 до 21 август ќе се одржат припреми за младинските репрезентации.
Исто така сениорките во периодот 23 – 27 август ќе учествуваат на Балканскиот шампионат во Сараево.
Кон крајот на август поточно од 29 до 1 септември машката кадетска репрезентација ќе учествува на „Контендер Вараждин“, додека во истиот период во Оточец, Словенија женските кадетки и младинки ќе не претставуваат на „Контендер Оточец“.
Како завршен настан во овој период пред почетокот на новата сезона,и на кој ќе учествуваат и нашите репрезентативци ќе биди „Стар Контендер Скопје“ кој во периодот од 7 – 11 септември во СЦ „Борис Трајковски“, ќе ги собери најдобрите 30 играчи од светската младинска ранг листа на ИТТФ, во секоја категорија У15 м/ж и У19 м/ж.
ППФСМ ја има честа и довербата од ИТТФ, но и обврска организациски да бидеме на највисоко ниво. Им посакуваме добар настап на сите селекции на С. Македонија кои ќе не претставуваат во овој период, стои во информацијата од федерацијата.