недела, 14. април 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Македонското знаме се развеа во Токио ФОТО+ВИДЕО

Македонското знаме се развеа во Токио ФОТО+ВИДЕО

Македонското знаме се развеа на свеченото отварање на 33. Олимписки игри кои денеска свечено беа отворени во Токио.

Знаменосец на македонската делегација беше таеквондистот Дејан Георгиевски, крај кого се појави и Арбреша Реџепи, која во последен момент доби зелено светло да биде дел од отворањето откако вчера беше објавено дека била во контакт со лице позитивно на Covid-19.

Македонската делегација брои осум спортисти, а прв на мегдан утре наутро ќе излезе натпреварувачот во стрелаштво Борјан Бранковски, во квалификациите во дисциплината 10 метри воздушен пиштол.