Макс Верстапен е победник на трката за Големата награда на Монако во Ф1 шампионатот возе4на денеска низ улиците на Монако.
Холанѓанецот, го искористи проблемот на болидот на Ферари, па наместо Леклер, пилотот на Ред Бул ја започна трката од пол-позицијата, што се покажа и како голема предност на крајот.
Место на подиумот изборија и Сајнц од Ферари и Норис со Мекларен, возачите на Мерцедес Фетел и Хамилтон завршија на петтото и седмото место.
Со оваа победа и 25-те освоени бодови Верстапен за прв пак во кариерата изби на првото место во генералниот поредок и тоа сега со четири бодови повеќе од Хамилтон. Следната трка во Ф1 првенството е закажана за 6 јуни во Баку кога ќе се вози Гранд-прито на Азербејџан