петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Манијак ја нападнал мајката на Енди Мареј

Манијак ја нападнал мајката на Енди Мареј

Џуди Мареј, мајката на двајцата успешни тенисери Енди и Џејми Мареј, откри дека пред осум години имала сексуален напад.

Таа е тениски тренер и долго време ги тренирала своите двајца синови, а сега едниот од нив отворено го раскажа шокантниот настан за еден шкотски весник.

Мојот брат, Џејми, знаеше за инцидентот, јас не. Мајка ми ми испрати порака да ме извести дека ќе напише статија за тоа и, секако, многу ми беше жал за неа – изјави Енди Мареј.
Џуди откри дека била нападната на гала-вечера во многу реномирана образовна институција.

Бев многу лут, но и не знаев што да кажам. Секако, ѝ пратив порака на мајка ми, таа се јави следниот ден да разговараме и да се увериме дека е добро. Секако, тоа е добро позната приказна за многу жени и таквото однесување никаде не би се толерирало – додаде Енди Мареј.
Џуди Мареј откри дека високиот функционер ја ставил раката на нејзиното колено, а потоа почнал да ја движи кон меѓуножјето, односно под нејзиното здолниште. Сето ова се случувало за време на вечерата по доделувањето награди пред осум години.