сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Мареј: Рано да се отпише Ѓоковиќ за грен слем титули

Мареј: Рано да се отпише Ѓоковиќ за грен слем титули
епа

Британскиот тенисер Енди Мареј смета дека Србинот Новак Ѓоковиќ не треба да се потцени поради неговиот пораз од светскиот рекет број 1 Карлос Алкараз во финалето на Вимблдон 2023 година.

– Би било многу неправедно да се отпише Новак Ѓоковиќ. Победата на Алкараз во финалето на Вимблдон може да означи почеток на нова ера. Но, Ѓоковиќ освои два од три Грен слем турнири оваа година и беше блиску до освојување на третиот, изјави Мареј.

Алкараз моментално е на врвот на АТП-листата со 9.225 поени. Ѓоковиќ е втор со 8.795.

Триесет и шестгодишниот српски тенисер го држи рекордот за најмногу грен слем титули – има вкупно 23.