Макс Верстапен триумфираше на ГН на Австрија, Холанѓанецот мина прв низ целта пред Шарл Леклер и неговиот тимски колега, Серхио Перез.
Конечно добра трка за Ферари, но и тоа не беше доволно да се прекине доминацијата на Макс Верстапен.
Холанѓанецот попладнево немаше конкуренција на ГН на Австрија, па се радува на петта победа во низа.
Неговата предност беше толку голема што тој во финишот влезе во бокс по нови гуми за да го освои додатниот бод за најбрз круг.
Шарл Леклер финишираше како втор, а последното место на пиедесталот му припадна на Серхио Перез, кој старуваше од позицијата број 15, но покажа брзина и на крајот во жестока битка со Карлос Саинц се избори за третото место.
Ландо Норис исто така се прикажа во одлично светло и финишираше како петти, во бодови уште завршија Фернандо Алонсо, Луис Хамилтон, Џорџ Расел, Пјер Гасли и Ланс Строл.