Италијанскиот тенисер Матео Беретини е новиот шампион на мастерс-турнирот Квинс кој се одржа во Лондон.
Беретини во финалето славеше над српскиот тенисер Филип Крајиновиќ, кого го победи со 2-0 во сетови (7-5, 6-4).
Во првиот сет Италијанецот го направи клучниот потег кога направи брејк при 5-5, додека во вториот се освои противнички сервис во петтиот гем.