недела, 3. март 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Маверик Виљалес од наредната сезона ќе вози за Априлија

Маверик Виљалес од наредната сезона ќе вози за Априлија

Шпанскиот возач во Мото ГП, Маверик Вињалес, ќе вози за Априлија следната сезона, откако влезе во отворен конфликт со Јамаха, објави италијанскиот тим.

Деветкратниот победник во трки од Мото ГП веќе претходно беше во кавга со јапонскиот производител и требаше да замине на крајот на сезоната, откако го раскина договорот една година порано.

„Исклучително сме среќни што можеме да објавиме дека потпишавме со Маверик Вињалес, возач на високо ниво и еден од најголемите таленти во класата“, рече извршниот директор на Априлија Рејсинг, Масимо Ривола.