недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Медали за ПК Бета на меѓународни натпреварувања

Медали за ПК Бета на меѓународни натпреварувања

Пливачите од клубот Бета викендот имаа настап на меѓународните натпревари „11ти април Гран при“ и „Пливко“ во Белград, „Купот на Ниш“ во Ниш и меѓународниот натпревар „Пливај во Софија“ во Софија.

Пливачите кои настапија на најсилниот пливачки натпревар “11ти април Гран при” успеаја да се вратат со медали.
Стефан Цветковски освои медал во дисциплината 100 мери делфин а воедно и постави нов национален македонски рекорд во дисциплината 50 метри делфин со време 28,18 секунди.
Јана Милковска успеа да се избори за финале во дисциплината 50 метри делфин и освои трето место, второ место во дициплината 100 метри делфин и второ место во дисциплината 200 метри делфин

Од пливачите кои настапија на натпреварот во Ниш пласман на подиумот обезбедија: Димитар Бошњаков освои прво место во дисциплинита 50 метри грбно и 50 метри слободно, второ место во дициплината 50 метри делфин и трето место во дисциплината 50 метри градно; Јанева Софија освои второ место во дисциплината 100 метри слободно, второ место во дисциплината 400 метри слободно и трето место во дисциплината 200 метри слободно; Бјанка Младеновиќ освои трето место во дисциплините 50 метри грбно и 100 метри делфин; Ангела Цветковска освои прво место во дисциплината 100 метри градно и трето место во дисциплината 50 метри градно; Ана Жабокова освои трето место во дисциплината 50 метри слободно и Неделкоска Ивана освои трето место во дисциплината 200 метри слободно.

Од пливачите кои настапија на натпреварот во Софија медали освоија: Леонел Илиев освои трето место во дисциплината 50 метри слободно; Буклевски Виктор освои второ место во дисциплината 50 метри слободно; Анастасовска Сара освои трето место во дисциплината 50 метри делфин и Тримчески Теодор освои второ место во дисциплината 50 метри градно.

(Миа)