Рускиот тенисер Даниел Медведев синоќа го победи Американецот Рејли Опелка со 6:4, 6:3 во финалето на турнирот во Торонто.
Мечот траеше 1 час и 27 минути.
Русинот направи четири аса и четири двојни грешки, а исто така конвертира три брејк топки од седум можности. Опелка исто така сервираше четири аса, имаше три грешки на вториот сервис, и ниту еден реализиран брејк од четири шанси. Наградниот фонд на турнирот изнесуваше 2,8 милиони долари.
За Медведев ова е трета титула во 2021 година. Претходно победи на турнирите во Мајорка и Марсеј.
Вкупно, Медведев има 12 победи на АТП турнирите