Русинот Данил Медведев го освои „Мастерс“ турнирот со награден фонд од 7,47 милиони долари во Шангај.
Поставениот под бр. 3, Медведев го совлада петтиот носител Александар Зверев со 6:4, 6:1 по 74 минути игра. 23-годишниот Русин загуби водство од 3:0, но по 4: 4 освои седум гема по ред на патот кон успехот.
Во своето шесто последователно финале и деветто за годинава, Медведев освои вкупно седум титули во кариерата и четврта за сезоната.
Русинот, вице-шампион на „Ју Ес Опен“, исто така е во серија од девет последователни победи без изгубен сет, откако има 29 успеси на неговите 32 последни натпревари. Тој е и лидер во сезоната со 59 победи.