недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Медведев наскоро го менува Ѓоковиќ на врвот на АТП листата!?

Медведев наскоро го менува Ѓоковиќ на врвот на АТП листата!?

Новак Ѓоковиќ се откажа од учество на Индијан Велс, што носи интересна разврска во борбата за првата позиција на АТП листата.

Долго време негов следбеник на второто место е Русинот Данил Медведев. Тој има шанса да застане на врвот, ако евентуално победи на Мастерс турнирот во Калифорнија. Ако тоа се случи и Србинот не одигра ниту еден меч пред Париз, тогаш рускиот ас ќе застане на челната позиција, барем за една недела од 1 ноември.

До крајот на годината Медведев ќе брани голем број бодови, па се очекува Ѓоковиќ веднаш да го врати првото место.