недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Медведев по поразот од Ѓоковиќ: Јас мислев дека имам добра кариера со 20 титули

Медведев по поразот од Ѓоковиќ: Јас мислев дека имам добра кариера со 20 титули

Данил Медведев не успеа вторпат да го изненади Новак Ѓоковиќ во финалните пресметки на Ју-Ес Опен, а по поразот успеа да ја насмее публиката со своите зборови упатени кон големиот ривал.

Рускиот тенисер не освои ниту сет, па го праша Србинот кога планира да им остави повеќе простор на другите тенисери.

– Прво сакам да го прашам Новак: Што правиш уште тука, па те молам…

– Ова беше наше трето финале, веројатно ќе бидеш и во други финалиња, не знам кога планираш да успориш, но честитки за тебе и твојот тим.

– Мислам, 24 титули? Се чувствувам како да немам лоша кариера со 20 освоени титули, а ти имаш 24 само на грен-слем турнирите, уау, – рекол Медведев, одлично забавувајќи ја публиката во Њујорк.