По Мастерсот во Монтреал, Данил Медведев го задржа првото место на АТП листата, а потоа следуваат Синсинати и УС Опен каде брани 2000 поени. Лесно може да се случи првото место да му се лизне од раце, особено ако Рафаел Надал го земе трофејот на некој од тие турнири.
Сепак, има уште еден играч кој би можел да се збрка со Данило Медведев кога е во прашање кревањето на трофејот. Иако прашање е дали на Новак Ѓоковиќ ќе му биде дозволен влез во САД бидејќи не е вакциниран, но Медведев вели дека би сакал да го види Србинот во Њујорк.
– Тука ништо не можам да направам. Правилата ги поставува американската влада и не знам дали тоа може да се смени. Ако ме прашувате мене, сигурно би сакал Ѓоковиќ да игра. Сакам кога најдобрите играчи во светот се на турнирот. Тој ова лето освои Грен слем. Таа борба за најмногу слемови со Рафа е супер напната и е премногу интересна. Би сакал да го видам во Њујорк, изјави Данил Медведев во Синсинати.
Таму се игра последниот Мастерс пред УС Опен, на кој Новак не може да присуствува како невакциниран странец.
Новак нема да може да го собори Медведев од првото место до крајот на сезоната, но можеби ќе има добри шанси доколку игра во Монтреал и Синсинати. Во Канада, Данил беше исфрлен од Ник Киргиос во раната фаза на турнирот.