понеделник, 15. април 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Меѓународната боксерска асоцијација за прв пат во историјата ќе додели парични награди на освојувачите на медали

Меѓународната боксерска асоцијација за прв пат во историјата ќе додели парични награди на освојувачите на медали

За првпат во 75-годишната историјата, Меѓународната боксерска асоцијација (АИБА) ќе им додели на медалистите парични награди на претстојното Светско првенство, соопшти прес-лужбата на организацијата. Фондот за наградите е поставен на 2,6 милиони американски долари.

Златните медалисти ќе добијат по 100.000 долари, освојувачите на сребрени медали по 50.000 долари, бронзените 25.000 долари.

Претседателот на АИБА, Умар Кремлев изјави дека боксерите заслужуваат награда од федерацијата за нивното време и труд.

– Ова е првпат АИБА да ги награди финансиски медалистите на Светските првенства. Овие пари се заслужени земајќи ги предвид годините на подготовки и направените напори потребни за да се освои место на подиумот. Знаеме дека овој развој ќе биде голема придобивка за нашите боксери. Не само што треба да бидат успешни во рингот, туку и задоволни и просперитетни, додаде Кремлев.

Светското првенство во бокс ќе се одржи во Белград од 24 октомври до 6 ноември. Предвидено да се доделат 13 сета медали.