Флојд Мејведер е подготвен за егзибициската битка со Теншин Насукава со кого ќе се бори во 3 рунди на новогодишната вечер во Јапонија.
Боксерот ветува спектакл, но не гарантира нокаут. „Ако се случи – се случи“, изјави Мејведер и е категоричен дека самиот тој нема да падне во несвест.
– Во сите мои години во боксот никогаш не сум паднал на подот. Можам да се борам 3 рунди и на сон. На 31 декември, само сакам да се забавувам, додаде боксерот.
Противникот на 41-годишниот Мејведер е 20-годишниот талент Насукава, кој забележува победи во кикбокс и ММА.