Конор Мекгрегор задоцни за втората прес-конференција со Хабиб Нурмагомедов пред меѓусебниот судир на УФЦ 229 во Лас Вегас. Тоа го налути Русинот, кој си замина без да го чека својот противник.
Конор, сепак, пристигна на настанот, откако задоцни повеќе од 30 минути и побрза да упати вербален напад кон својот противник.
– Тој знаеше што да очекува. Што по ѓаволите мислевте дека ќе се случи? Последен пат тој не кажае ништо, па така не можам да разберам што сака. Се Случуваат такви работи, не го планирав. Се обидов да дојдам навреме. Каснев само неколку минути. Требаше да ме почека. Тоа е знак. Тој едноставно не сака да биде блиску до мене, тој не сака да биде пред овие луѓе. Тој е исплашен, тоа е вистината, рече Мекгрегор