Првиот човек на најмоќната промотерска организација за боречки вештини, Дана Вајт, соопшти дека го обезбедил потписот на поранешниот шампион, Конор МекГрегор, за негова нова борба во октагонот.
Ирецот ја имаше последната борба во текот на октомври 2018 година кога загуби од Хабиб Нурмагомедов, но иако тој меч заврши со скандал и општа тепачка, и двајцата фајтери повторно влегуваат во рингот, а нивните објави стигнаа во речиси идентичен период. Дагестанскиот УФЦ фајтер, Хабиб Нурмагомедов пред само три дена најави дека повторно ќе го видиме во октагонот на 18 април следната година за кога е закажана неговата пресметка со Тони Фергусон, кој ќе се обиде да го преземе шампионскиот појас.
По објавата на „орелот“, стигна и потврдата за мечот на Мекгрегор, кој за разлика од Нурмагомедов кој ќе се бори во „Барклис центар“ во Бруклин, Њујорк, повторно го избра Лас Вегас, односно „Т-мобајл Арена“ каде што загуби во последната тепачка.
Неговата борба е за нијанса помалку спектакуларна бидејќи се наоѓа на таканаречената редовна програма, односно на закажаниот редовен УФЦ 246 настан кој ќе се одржи на 18 јануари. Борбата ќе се одржи во категоријата до 77 килограми („Велтер“), за разлика од претходните две на Конор, кои беа во категоријата до 70 килограми. Противник ќе му биде Доналд „Каубој“ Цероне, кој има два порази во низа од Тони Фергусон и Џастин Гатје.
Breaking: Per Dana White (@danawhite), Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) has signed to face Donald Cerrone (@Cowboycerrone) at UFC 246 on Jan. 18, at welterweight.
“Conor has signed and Cerrone is ready to go.”
— Brett Okamoto (@bokamotoESPN) November 28, 2019