четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Менсел ги продава трофеите на аукција

Менсел ги продава трофеите на аукција

Поранешниот светски првак во Формула 1, Најџел Менсел, ќе понуди на аукција повеќе од 300 предмети собрани во текот на кариерата.

Онлајн аукцијата, како што пренесува Би-Би-Си, ќе се состои од цела низа „многу лични предмети“ од тркачката кариера на Менсел, кои досега беа чувани во неговиот приватен музеј.

Аукциската куќа „Сотби“ ќе ја организира продажбата од 4 до 11 октомври.

На продажба ќе бидат ставени повеќе од 300 предмети, вклучувајќи 32 заштитни шлемови, 50 тркачки одела, 78 безбол капчиња и повеќе од 200 трофеи и награди.