Поранешниот шампион во Формула 1, Михаил Шумахер од вчера се наоѓа во болница во Париз.
Според пишувањата на француските медиуми, тој е во оделот за кардиохирургија, а третманот кој ќе му биде извршен е таен.
Во јануари годинава Михаил наполни 50 години, а не е виден во јавноста по неговата несреќа на Алпите пред пет години.
Шумахер тогаш заработи тешки повреди на главата удирајќи во карпа, по што неколку месеци беше во кома.
Изминативе години, не се познати многу детали околу неговата здравствена состојба и заздравувањето, а во јануари неговото семејство само кратко изјави дека тој е во најдобрите раце.