„Денеска игравме против најдобрата екипа на планетата, против подобри не сум играл. Играв против еден поранешен мој играч, Бартож Курек, кој беше во моја екипа, потоа стана МВП на Светско првенство. Висок е 210 сантиметри и не можете да најдете против-игра на него. Тие сервираат со 120-130 на час. Можеби нашите симпатизери кои не следат толку одбојка ни ги знаат овие играчи, но тие што следат знаат против кого игравме. И другите репрезентации тешко играа против Полјаците. Ќе се обидеме повеќе на дуелите со Холандија и со Чешка. Можеби сме во осминафиналето, но едно црно сценарио вели дека и Црна Гора има уште шанси ако победи со некој од фаворитите. Но и ние имаме уште два наптревара. Сега дојде момент кога треба само да уживаме на ова Европско првенство против големи репрезентации’, дополни Миленкоски.
foto: ekipa.mk