среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Миленковски: Еуфоријата може да биде погубна, со ладни глави да ја дочекаме средбата со Црна Гора

Миленковски: Еуфоријата може да биде погубна, со ладни глави да ја дочекаме средбата со Црна Гора

По победата над Данска, селекторот на машаката однојкарска репрезентација Јошко Миленковски беше задоволен од прикажаното. Тој посочи на грешки, меѓутоа ги повика играчите да не бидат еуфорични и да се спуштат на земја.

„Ова беше еден возбудлив натпревар. Ги молам сите без еуфорија, не очекува тешка борба на сите следни мечеви. Вакви дуели се играат тешко, во Европските лиги и Купови, тешко е да се надмине возбудата. Секој поен беше за инфаркт, беше навистина тешко да се издржи. И покрај големото искуство, треперев бидејќи имаме мисија да се пласираме во втор круг. Сите сме професионалци, на добар пат сме, ова беше пресуден натпревар.

Со Црна Гора ќе биде исто така тешко. Треба добра анализа и подготовка. Ако дојдеме до ситуација да ја победиме, до крајот на турнирот ќе можеме да играме растеретено против големите репрезентации. Денес правевме невообичаени грешки, а тоа беше поради притисокот. Изгубивме лесни поени, но потполно ги разбирам играчите. Навистина ова беше натпревар со големи емоции. Против Црна Гора можеме да ја добиеме оваа селекција, тоа е селекција на нивото на Данска. Се работи за подмладена репрезентација, полетна која сака да се претстави најдобро. Не смее да завладее еуфорија кај нас. Мора да се спуштиме на земја и чекор по чекор со ладни глави да одиме понатаму во следните предизвици“, изјави Миленковски.

Следен ривал во групата е Црна Гора, натпревар кој е закажан за в сабота.

foto: gol.mk