Македонската машка одбојкарска репрезентација ги врши настапите во групната фаза од ЕП на четвртото место по што во осминафиналето од шампионатот во Бари ќе играме против Италија.
„И на минатото ЕП, Чешка постигнувше големи резултати, сите играчи играат во полската лига. Нема што да жалиме, дали ќе беше Србија или Италија. Јас посакував против Италија ретка можност да се игра против светски и европски првак. Имавме прекрасна атмосфера, благодариме за поддршката. Да не се разочаруваат, ова можеби е максимумот. Можеби веќе не фати и заморот. После 2-0 е тешко е да се вратиш назад, особено кога противникот е подобар.
Треба да бидеме задоволни, пред се од резултатот, имавме добри мечеви. Не можевме да парираме кога играш против супериорен противник. Мислам дека вчера бевме подобри“, вели Јошко Миленковски, кој потенцира дека Македонија со елитата ќе патува во Бари.
Италија не чека во Бари, предводникот на национален тим вели дека треба да уживаат.
„Станува збор за репрезентација со врвни играчи, генерација која ја немале одамна, која освои се што може да се освои. Ќе бидат главни кандидати и на ОИ во Париз. Треба да го најдеме задоволството во учеството во Бари, се пласиравме меѓу 16-те најдобри екипи. Ова треба да биде поттик за следните години, ова ЕП треба да биде пример како треба да функционира одбојката“, рече предводникот на нашиот најдобар национален тим.