Одбојкарската репрезентација на Македонија го заврши Европското првенство со оечкуван пораз од Италија на кое за првпат игравме во осминафиналето.
За македонскиот стратег Јошко Миленкоски порача дека ова е уште една спектакуларна епизода од нивните животи и кариери.
„Заврши уште една епизода од нашите кариери и тоа на едно спектакуларно Европско првенство. Одамна немав видено да демонстрира некој ваква сила како Италија против нас. Оваа селекција на Италија е како во кошарка САД да игра со сите НБА ѕвезди. Тие беа супериорни во многу фази од играта и бевме немоќни да сториме нешто повеќе. Во првиот сет бевме одлични, но откако тие почнаа да сервираат многу поагресивно веќе немавме шанси. Мислам дека Полска и Италија ќе играат финале на ова првенство, а ние ја имавме таа среќа и привилегија да играме против двете најдобри екипи во светот“, изјави Миленкоски.