Канадскиот тенисер Милош Раониќ нема да учествува на годинашниот издание на Ролан Гарос.
Според „Entry List“ место на Раониќ ќе го заземе Аргентинецот Франциско Серундоло, кој во првото коло ќе игра со Бразилецот Тијаго Монтеира.
Раониќ е рангиран на 18. место на АТП ранг-листата и беше 17-ти носител на грен слемот во Париз. Ролан Гарос почна денес и ќе трае до 13 јуни.