Последно пласираниот тим во Серија А Монца го разреши денеска од тренерската должност 54-годишниот Џовани Стропа.
Отказот уследи откако Монца во воведните шест кола во италијанското фудбалско првенство загуби дури петпати и освои само еден бод.
На местото на Стропа на клупата на Монца ќе седне Рафаело Паладино, кој досега го предводеше младинскиот тим на новиот италијански прволигаш.
Монца од 2018 година е во сопственост на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, а сезонава за првпат во клупската историја обезбеди пласман во Серија А. (МИА)