среда, 13. март 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Монтоја коментира кој ќе биде шампион во Ф1

Монтоја коментира кој ќе биде шампион во Ф1

Поранешниот возач во Формула 1, Хуан Пабло Монтоја, ги коментираше шансите двајцата лидери во генералниот пласман во моментов, Шарл Леклер и Макс Верстапен, за трката во Мајами, која е закажана за овој викенд.

Оваа трка за прв пат се одржува на Флорида, а Колумбиецот смета дека притисокот е врз возачот на Ферари.

Леклер направи голема грешка во Имола по одличниот почеток на сезоната. Ги зеде бодовите, но ја пропушти можноста да го задржи Верстапен на пристојна дистанца. Ќе видиме како ќе се однесува на сосема нова патека. По малку полошиот почеток на сезоната, мислам дека Макс го најде вистинскиот ритам. Ми се чини дека болидот е среден и верувам дека е прв фаворит за триумф во Мајами – истакна Монтоја.