Италијанскиот возач Енеа Бастијанини („Гресини Рејсинг“) е победник на седмата трка сезонава во Мото ГП шампионатот, возена во Ле Ман, за Големата награда на Франција.
На второто место се најде возачот на Дукати, Џек Милер, третопласиран членот на „Априлија“, Алеш Еспаргаро, додека актуелниот светски шампион Фабио Квартараро заврши на четвртото место.
Двајцата возачи на Сузуки, Алекс Ринс и Жоан Мир, паднаа за време на трката, исто како и пилотот на Дукати, Франческо Бањаја, па сега во генералниот редослед на возачите има само осум поени разлика помеѓу Квартараро, Бастијанини и Алеш Еспаргаро.
На табелата води Квартараро со 102 бодови, пред Еспаргаро со 98, а трет е Бастијанини (94). Шампионатот ќе продолжи на 29 мај со трката за Големата награда на Италија.