четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Може да предизвикаат грчеви, надуеност и киселини: Овие четири намирници не смеете да ги конзумирате пред пливање!

Може да предизвикаат грчеви, надуеност и киселини: Овие четири намирници не смеете да ги конзумирате пред пливање!

Од мали нозе нè учат дека никогаш не треба да одиме на пливање со полн стомак. Меѓутоа, дури и ако поминало доволно време од претходниот оброк, мора да водиме сметка и за видот на храната што ја консумираме пред капење.

Зачинета храна

Со оглед на тоа што пливаме во хоризонтална положба, рефлуксот на киселина може да биде проблем за многумина. Топлата и зачинета храна уште повеќе го усложнува тоа, па најдобро би било да избегнувате лути сосови, пиперки и други намирници со ваков вкус.

Алкохол

Ова особено важи за младите кои сакаат секојдневни забави на плажа. Секој знае дека алкохолот ја намалува способноста за реагирање и правење адекватна проценка во даден момент, па логично е да се избегнува пред да влезете во морето.

Мешунки

Мешунките како гравот и грашокот содржат многу влакна, кои се добри за здравјето, но можат да предизвикаат надуеност, запек и грчеви, кои можат да ви го расипат летното уживање.

Енергетски пијалоци

Многу луѓе сакаат ладен енергетски пијалок, за кој сме убедени дека создава чувство на будност. Сепак, енергетските пијалоци можат да предизвикаат дијареа и гадење, а поголема е веројатноста да бидете дехидрирани.