Селекторот на Македонската традиционална карате федерација (МТКФ), Венцислав Недев и тренерот и репрезентативец Дејан Недев викендот земаа учество на ЈКА карате семинар во Берлин.
Тие на Сенсеи Имура Имура 8 дан му подарија монографија за 50 години карате во РМ.
– На семинарот учествуваа над 200 каратисти од повеќе држави од Европа. Беа презентирани врвни карате техники и нови тренажни методи за постигање на врвни резултати во карате спортот, информира од МТКФ.
Следен ваков семинар ќе се одржи со Сенсеи Татсуја Нака во Париз, Франција во ноември.
(Миа)