Шпанската тенисерка Гарбине Мугуруза ја прифатила поканата да настапи на турнирот во Сиднеј, соопштија организаторите.
Шпанката која е втора на светската ранг листа беше принудена да се откаже уште на првиот натпревар оваа година на турнирот во Бризбејн поради мускулни грчеви во нозете. Таа го предаде мечот на Србинката Круниќ на 2 јануари.
Сепак, Мугуруза се чувствува подобро и смета дека ќе може да игра во Сиднеј, турнир со награден фонд од 776 илјади долари.
– Оваа вајлд карта е многу драгоцена можност за мене да се вратам на теренот и се надевам да одиграм уште неколку натпревари пред првиот турнир Грен слем за годината во Мелбурн, изјави Мугуруза.
Турнирот почнува на 7 јануари и ќе трае до 13 јануари и е последен пред почетокот на Грен слемот Австралија опне.