Американката Софија Кенин и шпанската тенисерка Гарбиње Мугуруза ќе играат во финалето на женскиот дел од годинашното издание на Австралија опен.
Ова е епилогот по полуфиналните дуели на Грен слемот во Мелбурн одиграни рано утрово.
Во првото полуфинале, Кенин ја совлада првата носителка Ешли Барти од Австралија со 7:6 и 7:5
Со истиот резултат, во два сета, Мугуруза беше поуспешна од Романката Симона Халеп.
Вкупниот награден фонд на Грен слемот во Мелбурн изнесува 49 милиони долари.