четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Во Вимблдон почнал првиот тениски турнир, ова е неговата историја

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Во Вимблдон почнал првиот тениски турнир, ова е неговата историја

Вимблдон е турнир со најголема традиција во светот. Првиот Вимблдон е одигран на денешен ден во 1877 година.

Се играл само сингл во машка конкуренција, а учествувале само 22 учесници. Пред 200 присутни гледачи, кои картата ја платиле по еден шилинг, победил извесен Спенсер Гор.

Спенсер Гор

Во 1884 гидона почнале а се натпреваруваат и дами, а како прва шампионка засекогаш останува впишано името на Мод Вотсон. До почеток на Првата Светска војна воведени се конкуренциите на дабл и микс дабл.

Првите телевизиски преноси се направени од 1937 година, а верувале или не до 1922 година официјалниот шампион играл само финале.

Во 2010 година централниот терен доби кров, а првото финале кое се играше под затворен терен е во 2012 година меѓу Енди Мареј и Роџер Федерер.

Теренот број 2 е познат и како гробишта на шампиони бидејќи на него се видени некои од најголеми шокантни натпревари во историјата на тенисот. Но, откако е изграден нов, модерен терен број 2 со 4.000 седечки места, оваа неславна титула сега ја има теренот со број 3.

Вимблдон е единствениот турнир на кој нема да видите реклами на теренот. Само виолетова и зелена боја кои се официјални бои на овој турнир. Традицијата се почитува премноги. Вимблдон е единствениот турнир на кој постои слободен ден. Тоа е средната недела и се користи да се освежи тревата и сите да се подготват за одлучувачките дуели кои следат.

Собирачите на топчиња исто така посебно се избираат. Посготовките траат со недели, а отприлика секое трето дете ги минува подготовките за да учествува на Вимблдон.