Третата и последна трка од македонскиот Мотокрос шампионат се возеше викендот на популарната патека „Орман“ во близина на Скопје.
Во класата MX2 Христијан Станковиќ од Ендуро Тим Водно го освои првото место,додека Виктор Караколев беше втор.
Станковиќ по шести пат е Шампион на Македонија.
Екипно, Ендуро Тимот Водно од Скопје оваа сезона е еден од натрофејнити мото клубови во Македонија во повеќе дисциплини како што се Мотокрос,Ендуро и Брзински мотоциклизам.