петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

На Украинката Костјук и е мака што ги гледа руските тенисери и тенисерки

На Украинката Костјук и е мака што ги гледа руските тенисери и тенисерки

Украинската тенисерка, Марта Костјук ги нападна тениските федерации и организаторите на Мастерсот во Индијан Велс поради присуството на руските тенисери и тенисерки, признавајќи дека е „тешко да се гледаат“ на турнирот.

19-годишната Костјук, која го мина првото коло со 6:7/7:6/7:5 победа над Белгијката со украинско потекло, Марина Заневска не беше нежна на зборови по мечот, обвинувајќи ги руските тенсиери дека се позагрижени за своите финансиски трансфери отколку за војната во Украина.

„Не се согласувам што им дозволија да настапуваат. Видете ги сите други спортови, големи спортови… Да се видат тука навистина ме боли. Не можеш да бидеш неутрален. Нивните ‘Не за војната’ изјави тие ме болат, бидејќи немаат основа. Единствен проблем им е да ги префрлат парите и тие работи, за тоа зборуваат и тоа е неприфатливо. Не е тајна тоа што се случува. Не мораш да знаеш политика да знаеш кој кого нападна, кој кого бомбардира. Руските тенисери и тенисерки не дојдоа да зборуваат. Не слушнав извинувања, не слушнав за поддршка“, изјави Костјук.