Сифан Хасан освои златен медал за 5.000 метри на Олимписките игри во Токио, но тоа што го направи на трката на 1.500 метри е веројатно досега невиден подвиг во атлетиката.
На 300 метри од целта Холанѓанката, со потекло од Етиопија, се судри со една од колешките и падна. Во такви ситуации, атлетичарите обично го губат ритамот и одлучуваат да прекинат, но Хасан направи чудо.
Ги изненади сите кога се крена и продолжи да трча, како ништо да не се случило. И не само тоа, туку од претпоследно место успеа да се пробие и да победи на спектакуларен начин.
Поради тоа стана хит на социјалните мрежи и хероина на денот на Олимписките игри во Токио.
Runner trips in the Women’s 1500m, gets up, and still wins! Very mentally tough Sifan Hassan qualifies for the semi-finals👍 pic.twitter.com/TfYofznlWQ
— ✨Sk Boz✨ (@skkboz) August 2, 2021