Шпанскиот тенисер Рафаел Надал нема по добро да ја памети оваа каледарска година, година во која не успеа да освои ниту еден грен слем, а не го избегаа ниту повредите поради кои мораше предвреме да ја заврши сезоната. Шпанецот има проблем со стапалото и мораше да замине на специјален третман во Барселона, па се надева дека ова ќе му помогне целосно да заздрави и биде спремен за 2022 година.
-Добро сум, иако сум имал и подобри денови. Стапалото ме боли. Ова е тежок период за мене. Мојата цел е целосно да се опоравам, свесен дека ќе имам тешки и болни моменти во еден период. Решен сум да ги надминам сите, да се борам за она што го сакам, а тоа е да се вратам на теренот, -вели Рафа кој е свесен дека е се поблиску до крајот на кариерата.
-Имав фантастични моменти во текот на мојата кариера, за кои никогаш не сум ни сонувал дека ќе ги имам. Но имав и тешки моменти поради повреди, иако секогаш наоѓав начин да се опоравам и да продолжам понатаму. Како што минуваат годините, мора реално да се гледа на работите.