петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Надал е мал фаворит против Федерер во битката за финалето на „Вимблдон“

Надал е мал фаворит против Федерер во битката за финалето на „Вимблдон“

Рафаел Надал е фаворит на денешниот дуел против Роџер Федерер според букмејкерите. Мечот е втор на Централниот терен на „Ол Ингланд Клаб“.

Новак Ѓоковиќ и Роберто Баутиста Агут веќе го започнаа својот меч, но тука не се очекува големо изненадување.

Што се однесува до Надал и Федерер, тие имаат три епски финалиња на „Вимблдон“ помеѓу 2006 и 2008 година. Во првите две Швајцарецот беше подобар, а во третото, Шпанецот победи со 3-2 и по 9-7 во петтиот сет.

Денешните полуфинални натпревари ќе се играат во женски и во мешани парови.

Двојки дами, полуфинале:

Габриела Дабровски (Канада) / Ифан Ксу (Кина) – Барбора Крајчикова (Чешка) / Катерина Сињакова (Чешка)

Тимеа Бабош (Унгарија) / Кристина Младеновиќ (Франција) – Су-Веи Хсиех (Тајпеј) / Барбора Стрицова (Чешка)

Мешани двојки, полуфинале:

Матве Мидлекооп (Холандија) / Жаоксуан Јан (Кина) / Роберт Линдстедт (Шведска) / Јелена Остапенко (Латвија)

Весли Колхоф (Холандија) / Квета Пешке (Чешка) – Иван Додиг (Хрватска) / Латиша Чан (Тајван)