четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Надал го пропушта и мастерсот во Мадрид

Надал го пропушта и мастерсот во Мадрид

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал објави денеска дека нема да настапи на претстојниот мастерс турнир во Мадрид, бидејќи сè уште не е рехабилитиран од повредата на мускулот

Освојувачот на 22 грен – слем титули во јануари го повреди мускулот на левата нога за време на Австралија опен и оттогаш ги пропушти турнирите во Индијан Велс, Мајами, Монте Карло и Барселона, а неизвесен е и неговиот настап на Ролан Гарос, кој почнува на 28 мај.

„За жал нема да можам да играм во Мадрид, Тренирав, но пред неколку денови одлучивме малку да го смениме курсот, на направиме други терапии и да видиме дали работите ќе се поправат за да се обидам да се подготвам за тоа што претстои. Не можам да прецизирам рок, да знам би ви кажал. Но, не знам“, порача Надал во видеопорака на социјалните мрежи.

Мастерсот во Мадрид, на кој Надал има пет титули во кариерата, почнува на 27 април.