На само шеснаесет години Рафаел Надал не беше голем фан на мечевите на земјена подлога. Две децении подоцна, шпанскиот тенисер е прогласен за „крал“ на земја, по четиринаесетата титула на Ролан Гарос.
Во минатото играта на земја не беше голема пасија на големиот шампион. Едно интервју е потврда за тоа, каде кажува дека сон му е еден ден да го освои Вимблдон.
„Мене лично повеќе ми се допаѓа да играм на трева, иако и на земја не е лошо. Би сакал еден ден да го освојам Вимблдон, но тоа ќе биде екстремно тешко и ќе мора напорно да работам за тоа“, изјави младиот Надал.
Шампионот од Мајорка стигна до 22-та Грен слем титула во кариерата со што уште повеќе ја продлабочи својата легенда во белиот спорт.