Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го одложи и пролонгира враќањето на терен и нема да се врати во периодот во којшто планираше.
Рафа нема да игра натпревар се до турнирот кој ќе се игра во Индијан Велс. Шпанецот ги откажа планираните настапи на турнирите во Доха и Дубаи.
Причината е дека тој уште чувствува болки од повредата во Мелбурн за време на Австралијан Опен, која му предвидуваше пауза од шест до осум седмици.