понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Надал очекува позитивни промени од новиот формат на Дејвис купот

Надал очекува позитивни промени од новиот формат на Дејвис купот

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал смета дека новиот формат на Дејвис купот ќе има повеќе предности во однос на досегашниот.

Меѓународната тениска федерација веќе ги најави реформите и натпреварувањето од следната сезона ќе добие формат на Светски куп.

Најдобрите светски репрезентации ќе се собраат во ноември во одреден град и ќе се натпреваруваат за трофејот.

Иако се појавија разногласија околу планираните измени, сепак најголем број од тенисерите ги поддржаа реформите.

– Досегашниот формат е посебен на свој начин, но не дозволува секогаш тенисерите да настапат за својата селекција. Добро е што се планира нешто ново, иако треба да е јасно дека секоја промена има и добри и лоши страни, истакна Надал.

Според него новиот формат ќе им овозможи на федерациите да имаат приходи и ќе се отвори можност за привлекување на играчи.

Покрај Надал реформите јавно ги поддржаа и Новак Ѓоковиќ и Марин Чилиќ.